Мода

Нов почеток за брендот Louis Vuitton

Nikolas Ghesquiere  на свој начин го одбележа својот почеток во Louis Vuitton модната куќа, односно со елегантна и современа колекција за еден/зима.

Неговиот претходник Марк Јакобс беше познат по интересните сценографии кои ги пратеа неговите дизајни, како модели на рингишпил, во лифт, во воз инспириран од познатиот Ориент Експрес. Сценографијата на Ghesquiere е минималистичка и едноставна, без многу декор. Единствен елемент беа индустриските ролетни, кои се отворени за да продира природна светлина во просторот и на едноставен начин ја осветлуваат модната писта.

Изгледа како ова да е нов почеток за брендот Louis Vuitton. Силуетите оваа сезона се нагласени со зсдолништа со висок струк и А крој, во комбинација со долги ракави или горни делови со футуристички оптички принтови. Со мат или светкави завршни детали, оваа колекција е навистина модерна, а претставена е во нијанси на бордо, окер, браун и индиго бои. За оваа сезона Луј Витон ни претставува мали чанти во вид на аксесоари, обликувани како мали кофчежиња, со интригантното LV лого, кое на единствен начин се поврзуваат со славната историја на овој бренд.

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

LOUIS VUITTON @ PFW

 

Напиши коментар