До сега сме чуле многу совети за убавина, но овој е дефинитивно меѓу топ 3-те!
Се чини дека пивото има голема скриена моќ, која е неодамна откриена, па се повеќе жени брзаат да се полеат со овој пијалок! Поточно, да ја полеат својата коса.
Најпрво тоа и дава сјај на вашите локни, а она што сега го дознавме е и дека ја посветлува косата. Значи, ако сакате популарен омбре ефект земете пиво.
Можеби не е многу гламурозно, но совршено работи. Како што пренесува Huffington Post, пивото не само што ја храни косата, туку и во комбинација со неколку капки лимон може да ја осветли за неколку нијанси. Доволно е само да ја сипате течноста на врвот на главата и да оставите да се исуши на сонце за да добиете природен ефект на сенчање.
Што мислите за ова – дали би го пробале ова “направи сама”омбре?