ШоуБиз

Нова мисија за Кејт и Вилијам

Кралскиот пар Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се во потрага по нова дадилка која ќе го чува нивниот син Џорџ.

Нивната сегашна дадилка 71-годишната Jessie Webb, која се грижела и за Вилијам додека бил бебе, веќе била во пензија, но повторно се активирала на три месеци кога се родил малиот принц Џорџ.

Иако Кејт и Вилијам сакаат да ја задржат Jessie, се шушка дека поради нејзината старост тие се сега во дискретна потрага по нова дадилка која ќе треба да ги прати на двомесечната турнеја во Австралија и Нов Зеланд која ќе започне на пролет.

 

Напиши коментар