Мода

Новиот владетел во Холивуд

Најновиот владетел во Холивуд, кој ги освои срцата на ѕвездените дами е чантата Fendi Selleria. Овој плетен кожен аксесоар доаѓа во две варијанти – едната е со квадратна форма и долга рачка и го носи името Anna, а другата – Adele – е со помали димензии и две кратки рачки. Освен со својот стилски изглед чантата плени и со можноста за гравирање на иницијалите на својата сопственичка. Иако дизајнерското искушение сеуште не се нуди во продавниците, голем број од  холивудските ѕвезди се забележани со него. Кара Делевин и Рита Ора го избраа моделот “Anna”, а Сара Џесика Паркер и Лејди Гага се одлучија за “Adele”.

 

Напиши коментар