Мода

Облека која го прави направи Вашиот задник поубав !!!

Се подготвувате за шопинг или пак барате по гардероберот пантолони во кои вашиот задник ќе изгледа убаво, а вие не ќе се чувствувате неудобно? Еве некои трикови на стилистите кои облекувале многу познати ѕвезди.

Доколку ви е важно како вашиот задник ќе изгледа во здолниште или пантолони, прочитајте ги советите на Msn Living кој зборува  какви модели на панталони треба да носете и какви мтеријали треба да одберете.

1.Избор на вистинските панталони

Задникот ќе го нагласите така што ќе одберете панталони со тесни ногавици. Стилистката на познатата актерка Reese Witherspoon, Leslie Fremar, вели дека панталоните не мора да бидат многу тесни, туку само треба да одберете модел кој ќе ја следи линијата на телото.

2.Индиго

Таквата боја на панталони задникот ќе го направат помал, но и стегнат, советува дизајнерката Nile Cmlyo кој често одбирала облека за Mariah Carey. Ако одбирате бели панталони, нека бидат од тенок тексас.

3.Висина на струкот

Nile Cmlyo советува дека пантолоните со низок струк подобро одговараат за жени со помал задник, а ременот спуштен под папокот ќе го смали задникот со поголеми пропрции.

4.Џепови

Големите џепови визуелно ќе го зголемат задникот, а малите џепови го имаат спротивниот ефект. И местото на кое се сошиени џеповите е исто така важно. Така ниско поставените џепови се добри ако сакате задникот да ви изгледа подигнат.

5.Панталони по мерка

Ако се одлучете да дадете да ви се сошијат пантолони по мерка кај кројач, имате 90 посто шанси дека совршено ќе ви одговарат.

6. Здолниште

Како вреќа скроеното здолниште задникот ќе ви го направи да изгледа поголем, а претесниот модел премного ќе го стесне и израмни. Здолништето обидете се да го одберете така што ќе одговара на вашиот облик на телото, а на повеќето жени им личи молив кројот. Ако ви недостигат облини, замолете ја кројачката да направи фалтичка на страничниот дел на сукњата.

7. Избегнувајте светликави парчиња облека

Светкави панталони или сукња привлекуваат внимание и така уште повеќе ќе го истакнете евентуалните недостатоци на телото, а со тоа и на задникот. Затоа е потребно да избегнувате материјали како што се сатенот, свилата и тафтот.

8. Носете чевли со штикла

Ако сакате чевли со штикла, носете ги што почесто бидејќи нозете така изгледаат подолги, а задникот затегнат и подигнат.

9. А хеланки?

Тие се удобни и можат да се комбинираат на најразлични начини, но имаат еден голем недостаток. Хеланките се направени од тенок материјал и под нив можат да се отцртат нерамнините од целулит или некои други несовршености. Затоа нозете и задникот добро погледнете ги на дневно светло пред да излезете од дома.

Напиши коментар