Камерон Дијаз решила да ја прекине битката со стареењето, но по лошото искуство со ботоксот кој направил нејзиното лице да изгледа многу чудно. 41-годишната актерка признава дека во минатото практикувала процедури со инјектирање на ботокс за мазнење на кожата на лицето, но била преплашена од резултатите.Затоа блондинката одлучила да остари природно и елегантно. “ Претходно се обидов со ботокс, беше сосема малку. Моето лице се измени на страшен начин, па се одлучив да остарам природно отколку да имам лице кое воопшто не ми лежи”, раскажува актерката.

Ѕвездата ги прифатила брчките на лицето и смета дека секоја линија има своја приказна и покажува дека го поминала својот живот во насмевки. “Ги сакам и немам ништо против нив. Сигурно тие покажуваат дека сум се смеела во текот на целиот живот. Го сакам животот и немам проблеми со брчките”, објаснува Камерон.

