Motherhood

Од чинот секс – до процесот на зачнување …

Под претпоставка дека и двајцата сте здрави, дали знаете колку време им е потребно на сперматозоидите, за оплодување ?

Бројот на сперматозоиди кои се наоѓаат во машките и женските хромозоми е приближно еднаков. Тоа го одредува полот на детето, уште при самиот момент на зачнување. Меѓутоа, таа разлика меѓу сперматозоидите влијае на уште нешто, освен на полот. Машките сперматозоиди се побрзи, но се помалку издржливи, додека сперматозоидите со женски хромозоми се движат побавно, но се подолговечни.

Ако се наоѓаат во надворешна средина, животниот век на сперматозоидите е многу краток, но ако до ејакулација дојде во вагината, односно ако сперматозоидите дојдат до јајцеводите, можат да се „ опуштат “. Во тој момент, се наоѓаат во средина безбедна за нив.

Кога конечно ќе дојде во контакт со јајце клетката, главата на сперматозоидот, ослободува ензими кои овозможуваат продирање во јајце клетката и кога конечно тоа ќе се случи, двете клетки стануваат едно – зигот, волшепство наречено нов живот…

Колку време е потребно за тоа ? Најбрзите сперматозоиди до јајцеводите можат да стигнат за половина час, што значи дека после незаштитениот однос, за време на овулација, до зачнување може да дојде за само триесеттина минути.

Доколку до оплодување не дојде веднаш, тоа може да се случи во наредните неколку денови, бидејќи здравите, силни сперматозоиди во заштитени, погодни услови кои владеат во јајцеводите, можат да преживеат и до пет дена, чекајќи да се ослободи јајце клетка спремна за оплодување.

Сé додека сперматозоидите се наоѓаат на ова место, постојат шанси да забремените кога ќе започне овулацијата. Јајце клетката може да преживее само од 12 до 24 часа, така што и да  сте имале однос неколку денови пред овулацијата, постои шанса да останете во блажена состојба. Но, ако сте имале однос 48 часа по овулацијата, таа можност значително се намалува.

Write A Comment