Зошто да ги фрлате старите пешкири ??? Со малку креативност и игра на бои, можете да бидете вешт дизајнер на интересен и мек тепих за во бања… Истовремено корисен, но и со необичен изглед… За кој никој нема да претпостави дека е направен токму од Вашата рака…
Сé што Ви е потребно е:
стари пешкири
ножици
пластична мрежа со посакуваните димензии на тепихот

Постапката е следна: Пешкирите се сечат на траки долги околу 12 – 14 сантиметри, а широки 2 – 4 сантиметри. Кога ќе исечете доволно, почнете да ги врзувате во јазли за пластичната мрежа, внимавајќи при тоа да ги врзувате на растојание кое Ви се чини најпогодно за тепихот да има густина…
И тоа е сé !!! Можете да си играте со бои или сепак за почеток да се одлучите за еднобоен мек тепих, кој ќе биде интересен нов елемент во Вашето интимно катче…
