Доколку сеуште не сте одбрале гардероба за новогодишната забава оваа година, не заборавајте дека малиот чипкан фустан е исклучително актуелен сезонава. Чипката е материјал кој присувстуваше во умовите и имагинацијата на дизајнерите од неколку сезони , a 2014 – та не е исклучок.
Чипканите фустани се стилски, практични и придаваат исклучителна класа. Доколку целосно чипканиот фустан не е по ваш вкус, тогаш чипката на одредени места исто така не е лоша работа.