Со оглед на тоа дека времето е за печење пиперки, сигурно нема да ви биде проблем да одвоите одредена количина за од нив да направите вкусна мусака од која ќе бидете најадени, но и за лекување на организмот исто така е исклучително здрав оброк. Здраво, вкусно и декоративно јадење и што е најважно лесно е за подготвување.
ПОРЕБНИ СОСТОЈКИ :
*20-24 печени црвени пиперки
*300 гр мелено месо
*6 јајца
*2 кисела павлака
*1 чаша масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На претходно печените и исчистени пиперки ставете сол на секоја пиперка, па ставете ги во брашно и јајца.
Наредете ги во квадратна стаклена тава во два реда по шест пиперки ( бројот може да варира во зависност од големината на садот ) помеѓу пиперките ставете претходно пржено мелено месо со масло и лук, малку сецкан магоднос и зачинето со сол, бибер и сушени зачини.
На крајот ставете два реда пиперки одново, и потоа додадете ги јајцата врз пиперките и кисела павлака. Печете го половина час во загреана рерна на 220 °C.
