Убавина

Одлична маска за мрсна кожа на лицето, одстранува акни и црвенило !

Оваа маска е дар од бога за жени со проблематична кожа на лицето. Ја препорачуваме на сите. Доколку ја пробате еднаш, никогаш нема да се откажете од неа, бидејќи ефектот е очигледен уште после првиот третман. Маската делува како лента за чистње лицето која се применува и во козметичките салони. Чисти акни, митесери или лојни чепчиња кои се создаваат во лојните канали на лицето од насобраните изумрени клетки на кожата, го израмнува тенот на лицето, го отстранува црвенилото, ја прави кожата чиста и мека.

Каков резултат можете да очекувате веќе после првиот третман :

-Домашната маска со белки може значително да ги затвори порите на лицето, кои во проширена состојба брзо се прекриваат со нечистотии, што доведува до настанување на црни точки.

-Ја суши масната кожа, бидејќи ги отстранува масните секрети и влагата, при што го елиминира масниот сјај на лицето. Оваа маска исто така е во состојба да ја сочува кожата на лицето од прекумерна пигментација, осветлувајќи ги црвените флеки од акни и пеги

За подготовка  на оваа маска ќе биде потребно : едно јајце и и салфетка

Домашна маска за масна и проблематична кожа на лицето:

-Одвоете ја белката од жолчката и потоа изматете ги одвоено.

– Исчистете го лицето, па изматената белка нанесете ја на исчистено лице -одозгора залепете салфетки (со отвор кај очите и устата ) доколку ви останало од белката можете да ја нанесете врз салфетата, но немојте да мачкате премногу ( долго време на сушење ).

-Почекајте 20-30 минути, до потполно сушење на белката. Салфетката на лицето ќе стане тврда како корица.

-Нагло откинете ја салфетата од лицето (иако не баш пријатно чувство ).

Сега измијте се и намачкајте го лицето со останатиот дел жолчката за да ја хидрирате и омекнете кожата. Почекајте десетина минути и повторно измијте се. Сега кожата стана чиста и мека! Маската од белки не е погодна за сите типови на кожа. Идеална е за : -масна кожа на лицето (го одстранува масниот сјај ) -проблематична кожа ( го елиминира воспалението ) -исто така е погодна за кожа со претерана пигментација (бидејќи белката има ефект на избелување) Маската не е препорачлива за осетлива кожа на лице.

Маската не е препорачлива за осетлива кожа на лице.

Напиши коментар