Кога еднаш ќе го поминат прагот на оваа вила, гостите влегуваат во бајковито место, на “островот на боговите”. Покрај врвниот дизајн, вилата привлекува со приватноста и удобноста. Огромниот, елегантен и навидум бесконечен базен е границата помеѓу двата “света”: од едната страна е убавата трпезарија, додека од другата страна е големата дневна соба, заедно со барот, канцеларијата и кујната.
Посебно дизајнираните скали водат кон неколку различни спални соби и едната главна соба, сместени на вториот кат, заедно со бањата и терасата. Она што е заедничко за секој агол од куќата е високиот врвен квалитет на материјалите кои што се употребени при изградбата на оваа неверојатна вила. Во рамките на одморот, посетителите на располагање имаат и персонал кој што ќе се потруди на своите гости да им понуди незаборавно искуство. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат и голем број на трендовски продавници и ресторани, како и фитнес и спа центри.
Во зависност од тоа во кој период од годината се изнајмува вилата, нејзината цена за еден ден се движи од 1.300 до 1.800 евра, а истата е со капацитет од 10 возрасни лица, но постои и можност за зголемување на капацитетот.































