Убавина

Одморете се од секојдневниот стил со нова тренди фризура

Кратката коса не мора да биде досадна. Измешајте го познатиот ретро стил со малку тренди волумен и имајте совршена фризура за секој ден!

Размрдајте ја секојдневната рутина со стариот добар боб, кој сега изгледа како да поминал низ тунел со брзина од 120 км/ч. “Романтичен, но сепак има некоја рокенрол острина”, вели Џејмс Пецис, човекот кој беше задолжен за фризурите на ревијата на Блумарин.

Се работи за стајлинг кој бара мазна текстура на косата, а со помош на тапирање и лак за коса, може да ја подигнете косата и да ги контролирате ситните и непослушни влакна.

1

За да не изгледате премногу озбилно, како финален слој може да ставите некаков производ за сјај на косата, кој ќе ви даде влажен ефект. Сем Мекнајт, главниот фризер на ревијата на Балмаин вели : “Залижано, малку масно, со многу волумен и жесток став”.

2

Направете сами: Нанесете пена на влажна коса, особено фокусирајте се на коренот, и исушете ја косата држејќи ја главата наопаку за да добиете екстра волумен. Делот со коренот кај вратот истапирајте го малку, а на средината малку повеќе, и целата коса фиксирајте ја со лак. Косата на врвот на темето истапирајте ја благо, за да добиете на висина. Шишките не ги тапирајте. Ставете ги преку тапираниот дел за да го покриете.

3

Напиши коментар