Секојдневно користиме крем за лице и сме уверени дека тоа е правилен начин на нега за нашето лице. Меѓутоа дали сте сигурни дали тој крем одговара на вашата кожа?
Еве неколку начини како да го одредите вашиот тип на кожа и да ги решите недоумиците.
Една од најчестите грешки во негата на кожата е употреба на погрешни козметички производи. Изборот на производи кои би ви одговарале е многу едноставен само треба да знаете дали имате чувствителна, сува, комбинирана или мрсна кожа.
Заврзете ја косата да не ви смета и испрскајте го лицето десетина пати со млака вода. Потоа тапкајте лесно со пешкирот, да не ви се цеди вода од лицето, но не го бришете затоа што треба да остане малку влажно. Оставете да се исуши вашата кожа на воздух околу 30 минути.
Откако ќе завршите со ова застанете пред добро осветленото огледало. Погледнете се, прво истегнете го лицето како кога правите фаца кога сте изненадени, подигнете ги веѓите, а потоа широко насмејте се.
Доколку често добивате алергија на вашето лицето од козметички препарати вие имате чуствителна кожа.
Ако вашето лице го чувствувате затегнато и ве чеша, тогаш имате сува кожа.
Ако немате никакви проблеми причекајте уште 30 минути. Потоа земете салфетки и притиснете на вашето лице и анализирајте ги настанатите трагови. Ако ви настанале масни наслаги т.е. ви светат челото, носот и брадата (Т -зона) имате комбинирана кожа. А доколку ви останале траги и на образите, имате мрсна кожа
