Здраво тело

Одржувајте го срцето во форма со ореви!

Јадењето одредени видови растенија, како на пример ореви, ги отвара артериите и може да помогне во намалувањето на холестеролот. Во истражувањето се вели дека 40 г. ореви дневно, како и дел од исхраната сиромашна со заситени масти и холестерол, може да го намали ризикот од коронални срцеви заболувања.

На лицата што учествувале во истражувањето за 33% им се подобриле васкуларните функции (проток на крвта) откако јаделе растенија богати со алфо-линоленична киселина – АЛА, во споредба со лицата што се хранеле на типичен американски начин. Оревите и ореовото масло, биле основниот извор на АЛА, во истражувањето. Освен ова, уште неколку истражувања покажувале дека видот на омега-3 масни киселини што се наоѓа во оревите, може да биде корисен за срцето, исто како што е корисно јадењето риби од ладните мориња.

Според Американскиот центар за контрола и превенција од болести, повеќе од 930,000 Американци умираат од кардио васкуларни болести секоја година.

Американската асоцијација за срце, препорачува дека луѓето што јадат најмалку две порции риба неделно, особено оние видови што соржат омега-3 масни киселини, кои се покажало дека го зголемуваат нивото на добриот холестерол, можат да помогнат во намалувањето на трицилиндрите-крвните масти.

Асоцијацијата за срце, исто така препорачува да се јадат тофу, ореви и соја. Но потребни се дополнителни истражувања, за да се покаже односот меѓу АЛА и срцевите болести. Според нив, не е сосема сигурно, дали подобрувањата настанале како резултат на јадењето растителна храна што содржи АЛА, или пак поради намалувањето на лошите масти и нивното заменување со добри.

Напиши коментар