Дури две третини од жените признаваат дека во главата имаат разработено сценарио за својата венчавка од сонаиштата, а во просек веќе на 13 години девојчињата почнуваат да ја замислуваат својата венчавка, покажа студијата на британската компанија Интерфлор на повеќе од 600 жени. Дури шест од десет жени и покрај тоа што се сами ја имаат испланирано својата венчавка.
За поголем број од жените најважна работа за свадба од соништата е доброто време, прубавата венчаница и цвеќето. Иако некои ги имаат разработено и најмалите детали, 58 проценти од нив тоа никогаш не би му го признале на своето момче.
Што жените знаат и пред да го запознаат младоженецот?
Околу 49 проценти од нив знаат каква венчацица ќе имаат
Околу 32 проценти од нив веќе ја имаат одредено дестинацијата за меден месец
Околу 31 проценти од нив имаат одбрано кума и деверуши
Околу 23 проценти од нив знаат какво цвеќе сакаат
Околу 20 проценти од нив се имаат одлучено за фризурата
Околу 17 проценти од нив размислувале за менито на свадбата
Околу 12 проценти од нив одлучиле каква торта сакаат
Околу шест проценти од нив веќе го одредиле датумот за венчавката.
