Oscar de la Renta ја претстави свадбената колекција за сезоната пролет 2015.
Колекцијата вклучува деликатна и беспрекорна изработка, женствени и примамливи венчаници кои се инспирирани од раомантиката. Луксузниот бренд ги покажа традиционалните венчаници во бела боја, кои присутните на ревијата ги оставија без здив.
Фустани од бела чипка, велови, полни здолниште и фустани во боја на слонова коска беа стилизирани со букети од цвеќе. Покрај невестите, на пистата прошетаа и малите девојчиња во подеднакво слатки фустани прилагодени за нивната возраст.