← НАЗАД НА БОЗА

Ослабнете со помош на диња

Ослабнете со помош на диња
546 Читања

Сеуште не е доцна ова лето да се вовлечете во омилениот фустан и гордо да го прошетате вашиот нов костим за капење. Вашиот сојузник во борба со килограмите може да биде – диња. Овие денови дињата ги краси сите тезги на пазарите, а идеална е за слабеење без мака.

Она што ѝ дава предност во однос на останатита летна храна е ароматичниот вкус, а притоа има малку калории. Дињата содржи дури 90% вода, а остатокот се шеќери. Ако јадете 100 грама диња, внесувате само 29 калории. Поради целулозата со која изобилува, совршено го потиснува гладот, го олеснува варењето и спречува надуеност во стомакот. Ако секојдневно ја консумирате, на здрав начин ќе изгубите вишок килограми, а нема да бидете гладни.

Богата е со витамин А, Б и Ц, како и калиум кој му помага на организмот да се ослободи од вишокот натриум, така што го регулира и крвниот притисок.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk