Art & Crafts

Ослободете се од модриците за миг!

Чувствителната кожа, која и поради најмал притисок е склона на модрици, знае понекогаш да ни создаде проблеми. Меѓутоа, непријатностите од овој вид лесно се решаваат со помош на волшебното овошје и зеленчук кои ги елиминираат модриците.

Ананас

Ставете на модрицата парче ананас и ќе ги забележите резултатите за само неколку минути. Ананасот содржи фермент, кој кој ја забрзува ресорпцијата на хематомите, па проблемот со модриците ќе го реши за час.

Кромид

Кромидот исечете го на кругови и ставете ги на модрицата да стојат неколку минути. Постапката повторувајте ја неколку пати во текот на денот.

Компир

Сварете неизлупен компир. Потоа излупете го, измешајте го со две лажици мед и вода и ставете го на модрицата.

Write A Comment