Art & Crafts

Освежете го воздухот со домашни ароматизери

Знаете ли како да си направите ароматизер во домашни услови?

Нашата денешна рецепта е направена исклучиво од природни намирници, а освен тоа треба да ви кажеме дека домашно приготвените ароматизери се многу потрајни од оние кои ги купуваме и далеку поздрави.

Изборот какви ароми ќе употребите е ваш. Можете да изберете цитруси зошто нивниот мирис е потраен за разлика од останатото овошје. Зачините и растенијата исто така нема да ве разочараат, особено ако земете рузмарин, карамфил или цимет прачки. Екстрактите исто вршат одлична работа,  особено оној од ванила.

Ароматерапия за стаите у дома

Измешајте ги сите компоненти што сте ги избрале во тегла и поставете ја во тенџере на оган. Исипете вода во теглата и почекајте да зоврие, а потоа намалете ја температурата на шпоретот. Кога водата ќе почне да испарува дополнете со уште врела вода.

Ароматерапия за стаите у дома

Еве ги нашите омилени рецепти:

–          Еден портокал, 2 прачки цимет или цимет во прав, 1 лажица карамфил и 1 парче анасон.

–          Втората варијанта е од 2 лимони, 2 лажици рузмарин и една мала лажичка екстракт од ванила.

Ароматерапия за стаите у дома

Ако имате сад што се затоплува со помош на свеќа би можеле да го наполните садот со претходно набројаните намирници и да ги оставите да испаруваат. Истото важи и ако се греете со печка, радиатор или друг уред врз кој можете да го поставите садот за да испарува.

Напиши коментар