Мојата кујна

Освежителен десерт – Ролат од кокос

Потребни состојки за кората:

–      4 белки

–      4 лажици шеќер

–      4 лажици брашно

–      4 жолчки

–      една лажица какао

Потребни состојки за филот:

–      500 мл неутрална павлака

–      2 лажици екстракт од ванила

–      4 лажици кокос

–      3 дл млеко

–      4 лажици шеќер во прав

–      100 гр путер

–      густин

Подготовка:

Изматете ги белките во цврст снег, додајте го шеќерот, па едно по едно жолчките и на крајот додадете го брашното, а во него ставете го какаото. Смесата сипете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 15 минути. Топлиот бисквит ставете го на влажна крпа за да омекне. Завиткајте го во ролат со крпата.

Густинот разматете го со малку млеко, а остатокот од млекото ставете го на оган да проврие. Во него додадете го разматениот густин и варете додека не добиете густ крем. Кога ќе се излади во него додадете го кокосот, ванилата и путерот изматен со шеќерот во прав. Иматете ја слатката павлака, па и неа додадете ја во смесата. Премачкајте ја кората со овој фил и внимателно свиткајте ја во ролат. Украсете со кокос.

Write A Comment