Направи Сам

Откријте нешто повеќе за партнерот според неговите дланки

За да дознаете нешто повеќе за партнерот, направете кратка анализа на неговите дланки. Ова го потврдуваат и научниците од Универзитетот Алберта, од Канада. Едно нивно истражување вели дека, доколу показалецот е помал од прстот што е веднаш до малиот прст, тогаш станува збор за маж кој има насилен карактер, и агресивноста е негова специфика. Додека пак, за жените ова правило не важи. Една друга студија пак, исто така користејќи ги истите прсти во анализата, кажува за сексуалната ориентираност на луѓето. Анализата се прави така што, должината на показалецот треба да ја поделите со должината на прстот до малиот прст. Резултатот кој ќе го добиете ако е помал од 0,97, станува збор за човек кој не ги забележува жените, тој е активен хомосексуалец, додека жените со овој резултат се пасивни лезбејки. Фатални мачо мажи ќе имаат резултат од 0,97-0,99, додека жените со истиот параметар ги сакаат мажите, но во кревет со нив, се прилично ладни. Резултатите 0,99-1,1 покажуваат голема страст кога станува збор за жените, додека мажите во кревет со спротивниот пол се многу ладни.

Напиши коментар