Убавина

Отстранете ги влакненцата на природен начин

Постои и природен начин на отстранување на влакненцата од нашето тело. Овој начин може да го доживеете во својот дом, така што самите ќе го подготвите восокот кој е направен од комплетно природни состојки.

Подгответе ја шеќерната паста така што ќе измешате две шолји шеќер, сок од половина лимон, две лажици мед и половина шолја вода. Сите состојки убаво измешајте ги, па ставете ги на тивок оган да се варат 5 минути, се додека смесата не стане мека и течна. Оставете ја смесата да се излади. Нанесувајте ја во тенки ленти со дрвено стапче. Отстранете ја шеќерната паста со помош на памучни ленти. Важно е шеќерната смеса да ја нанесувате во спротивен правец од растењето на влакната.

Write A Comment