← НАЗАД НА БОЗА

Отстранете го гелот за нокти во домашни услови

Отстранете го гелот за нокти во домашни услови
595 Читања

Многу жени одлучуваат да ги гелираат своите нокти за да ги сочуваат од кршење. Но одржувањето на гелирани нокти знае да биде скапо, а кога ќе посакате гелот да го отстраните – треба да платите. Ако во вашиот салон гелот не го отстрануваат со производ за отстранување, туку го турпијаат, тогаш гелот можете да го отстраните и самите дома, а ние ви откриваме како.

Потребни ви се: турпија, парче вата или памук, алуминиумска фолија и ацетон.

Започнете така што со турпијата нежно ќе го турпијате ноктот сè додека не го изгуби сјајот (користете ја страната на турпијата на која што пишува buff). Потоа, парче вата или памук натопете во ацетон и ставете ги на сите нокти. Со парче алуминиумска фолија замотајте го секој нокт врз претходно ставеното парче памук или вата. Почекајте 10 минути за ацетонот да делува, отстранете ја фолијата и ватата нежно придвижете ја од коренот накај врвот на ноктот. Потоа, парче памук или вата повторно натопете со ацетон и отстранете го остатокот од омекнатиот гел.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk