Сигурно барем еднаш ви се случило да сакате да го отстраните лакот за нокти, но сваќате дека немате ацетон за нокти.
Ви откриваме неколку трикови како да го отстраните лакот без ацетон.
Лак за нокти
Ннанесете уште еден слој од истиот лак кој веќе го имате на ноктите. Почекајте 10 до 15 секунди, со туфер избришете го лакот. Веројатно ќе морате да ја повторите постапката два или три пати со цел во потполност да го отстраните лакот.
Дезодоранс
Нанесете малку дезодоранс на ноктите, почекајте 10 до 15 секунди, па со туфер отстранете го лакот. Веројатно нема да успеете од прв пат да го отстраните, па затоа па затоа повторно нанесете малку дезодоранс и повторувајте ја постапката се додека не го отстраните лакот.
Парфем
Во исклучително итни случаи ќе ви помогне и парфемот. Наненсете малку парфем на памук, па со него отстранете го лакот.
