Prison brake

Ова е девојчето кое не старее (Видео)

Габриела Габи Вилијамс (8) од Билингс има лице и кожа како на новороденче и е подеднакво зависна од нејзината мајка, која ја храни, и менува пелени и ја лилка во креветчето. Девојчето, тешко само 5 килограми, страда од мистериозна состојба, која ја дели со многу мал број на луѓе во светот, а која го успорува процесот на стареење.

Лекарите последните две години се обидуваат да го пронајдат генетскиот “прекинувач” кој го запира процесто на стареење. Тие ја проучуваат Габи, како и другите луѓе кои патат од истата состојба.

Тука спаѓаат 29-годишното момче од Флорида со тело на 10-годишник и бразилка стара 31 година која личи на две годишно дете. Како и Габи, и тие не стареат или тој процес се одвива многу бавно.

Мајката на Габи, Мери Маргарет Вилијамс (38) вели дека нејзината ќерка речиси не е променета во изминатата година.

-Малку е подолга, сега носи големина за бебиња од три до шест месеци, наместо за три месеци страост. Последниот пат кога ја меревме  доби пола килограм на тежната и ја потстриживме неколку пати. Освен тоа, не е многу променета – изјавила таа.

Напиши коментар