Здраво тело

Ова е инфекцијата која се јавува од премногу секс!

Колку и да звучи чудно, и премногу секс може да биде опасен по здравјето на жените!

Долготрајното водење на љубов, како и неколку односи на ден можат да предизвикаат инфекција на уринарниот тракт или таканаречен “циститис на медениот месец”. Иако има романтично име, оваа болест е многу болна.

– Уретрата се наоѓа веднаш до вагината, што занчи дека за време на сексот бактериите од гениталиите доаѓаат во уретрата. Колку е триењето поголемо, толку е поголем и ризикот од инфекции – објаснува гинекологот Мери Џејн Минкин.

Симптоми

Симптомите најчесто се појавуваат во рок од еден или два дена, а ги карактеризира болка при мокрењето, често мокрење, промена на бојата на урината и болки во пределот над срамната коска. Доколку не се лекува на време може да предизвика инфекција на бешиката и бубрезите.

– Инфекцијата е почеста кај жените кои никогаш не родиле, а некои жени можат да ја заработат по секој сексуален однос. Ризикот може да се намали доколку пред и после сексот се мокри – објаснува Беверли Рипи професор на Универзитетот во Њу Џерси.

Лекување

Штом ги забележите првите симптоми се препорачува да побарате помош од лекар. Тој по потреба ќе ви препише антибиотици кои ќе ја излекуваат инфекцијата.

Исто така, треба да го зголемите внесувањето на вода или сок од брусница, што ќе го поттикне мокрењето, а со самото тоа и чистењето на бактериите од уринарниот тракт. Се додека инфекцијата не се излекува, најдобро е да избегнувате секс.

Write A Comment