Апартманот во Хонконг беше продаден за 61 милион долари што претставува апсолутен рекорд за бившиот британски протекторат.
Хиперлуксузниот имот е со површина од 600м2 и се наоѓа на осмиот кат од елитниот комплекс. Комлексот има 12 ката и 12 апартмани, што значи дека секој апартман зафаќа по еден кат. Името на купувачот не е познато.














