ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Тесто:
* 4 јајца
* 15 лажици шеќер
* 15 лажици брашно
* 15 лажици масло
* 15 лажици млеко
* 2 пакетчиња ванила шеќер
* 1 пакетче прашок за пециво
Фил:
* 2 пакетчиња ванила пудинг
* 500 мл млеко
* 1 филџан шеќер
* 2 пакетчиња ванилин шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се мати тестото од наведените состојки. Па половина од тестото се исипува во тепсија претходно подмачкана и се пече на 180 степени околу 5 минути. За тоа време се прави пудингот според упатството на нашиот рецепт.
Потоа врз недопечената кора се додава врелиот пудинг, а другата половина од тестото се исипува врз пудингот. Колачот се враќа во рерна и се пече до крај. Додека е врел се поросува со кристал шеќер.
1 Коментар
prekrasno