Нутриционистите одамна сватија дека главниот проблем со прејадувањето е фактот дека луѓето не знаат правилно да ја сервираат храната па така едно парче леб обилно намачкано со путер значи внесување на 90 калории повеќе отколку кога дебелината на путерот би била потенка.
Затоа, препораките на нутриционистите вреди да ги послушате бидејќи тоа ќе ви помогне да ја одредите порцијата, па така, на пример, лебот кој го јадете со оброкот треба да биде со големина како конзерва од риба, додека вистинската порција на мајонез е голема колку две железни парички ставени една врз друга.
Што се однесува на рацете, мериме со различни делови, па така вистинската количина на путер кој го ставете врз лебот треба да биде голема колку задниот зглоб на показалецот, додека количината на месо која можете да ја изедете треба да биде еднаква на големината на вашата дланка (без прсите).
Порцијата тестенини треба да биде еднаква на стисната тупаница.

