Во Америка во моментот расте тенденцијата жените да не ги мијат своите коси со шампон, туку само со вода. Една од жените кои ја подкрепуваат ова идеја е и Жаклин Баерс, која не користела шампон цели пет години. Таа објаснува зошто решила да не користи шампон и како ја одржува косата без него.
Запрев да користам обичен шампон затоа што ме вознемири неговиот состав, така што започнав да користам органски шампон, но тој е пеколно скап. Потоа започнав да барам алтернативи и најдов на една, која беше мешање на сода бикарбона со јаболков оцет. Тоа го практикував две години, но не беше ефектно и запрев. Сега ја мијам само со вода.
Таа додава дека единствената причина, поради која многу луѓе не запираат да користат шампон, е навиката, односно процестот со кој сме пораснале, така што ни е незамисливо да се откажеме од него.
Освен тоа, Баерс не е единствената, која решила да не користи шампон поради различни хемикалии. Писателката Хана Брук Олсен е уште една од оние кои заборавиле на шампонот и била изненадена, кога видела дека нејзината коса станала поубава, поздрава и блескава, а почнала и многу бргу да расте.