Постојат некои работи во хотелските соби кои се перат и чистат секојдневно, како постелината, пешкирите… и тоа е во ред. Но ова нема да ви се допадне – некои работи се чистат само четири пати годишно!
Екипата на BuzzFeed дошла до план – чистење на еден просечен хотел со три ѕвезди во Америка.
Тој план им открил дека секојдневно се чистат и менуваат: постелина, пешкири, подови, вц-школката и кадата како и ситните работи во бањата. Тоа е сосема во ред.
Според овој план, неделно се чистат: лампите, сијалиците, огледалата, просторот околу вц-шолјата, чешмите од лавабото и кадата, плочките во тоалетот, ногарките од мебелот, телефонот, фрижидерот, телевизорот. И тоа е да кажеме во ред.
По сето ова, може да се каже дека се води грижа за хигиената.
Следи грозното изненадување… (или не е изненадување?)
Постојат неколку работи кои се чистат само четири пати годишно, помеѓу кои е и завесата за туширање, онаа која стои во кадата! Исто така, на секои три месеци се чистат перниците и душеците, ќебињата и прекривачите.
Зарем не е едноставно одвратно кога ќе помислите дека сите овие работи пред вас три месеци ги користеле кој знае колку гости, а дека ништо од тоа не е испрано?!
httpv://www.pressonline.rs/plus/kofer/320330/ovo-ce-vas-iznenaditi-koliko-su-hotelske-sobe-zaista-ciste.html
