Мојата кујна

Ова се највкусните Њоки

Не мора да сте голем мајстор во кујната за да ги подготвите највкусните њоки.

Пробајте бидејќи вкусот ќе Ве изненади…Изненадете ги најблиските!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 ½  килограм компири

* 250 грама брашно

* 125 грама пармезан

* 1 ½ лажиче мускатно оревче

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Испечете ги компирите без да им ја лупите кората. Откако ќе се испечат оставете ги да се оладат. Ладните компири излупете ги и од нив направете пире.

Убаво измешајте ги преостанатите состојки и зачинете. Потоа додадете го пирето од печени компири. Мешајте со миксер.

Од  добиената смеса обликувајте топчиња со големина по Ваша желба. Убаво замесете го секое топче ( за да го извадите воздухот од тестото ). Подготвените топчиња ставате ги во вода која врие. Штом некое топче ќе исплива на површината извадете го од водата. Така за сите њоки.

Сварените њоки можете да ги запржите во заграено масло на средна температура. Штом добијат златна боја њоките се готови.

Њоките сервирајте ги во прилог по Ваша желба.

Уживајте вкусот е извонреден !!!

Напиши коментар