Мојата кујна

Ова се тајните на ресторантската кујна!

Со оглед на тоа дека ова станува сè поактуелна тема, во многу земји има донесено закон, во кој во основата пишува дека секој ланец ресторанти мора при послужување на самиот оброк, да се достави и информација и калориска вредност за истиот.

  • Хранливата вредност на оброкот, Секако, една од најголемите тајни на ресторани е изоставувањето на хранливите врености на оброците на менито. Доволно е да си поставите прашање колку луѓе и понатаму со задоволство би ги “нападнале” специјалитетите од ресторантите кога би знаеле дека поголемиот дел од нив во просек содржат и до 2000 калории. Токму поради оваа причина е започнато со воведување на новите правила, кои налагаат дека сите сопственици кои поседуваат повеќе од еден ресторан, во обврска им е да истакнат информација за хранливата вредност на оброкот кој се служи, на начин кои ние сами сме го одбрале – било тоа да е на мени, интернет страна или од рекламна брошура.
  • Истражувања, Истражувањата спроведени во широкиот свет покажале дека во рестораните кои јавно ги објавија хранливите вредности на своите оброци од менијата, гостите и тоа како обратиле внимание. А според тоа тврдењето на официјалните контролoри, дојдено е до зачудувачки резултати за тоа дека во голем број ресторани, количинaта на калориите биле многу поголеми отколку што самите гости очекувале. Оваа информација влијаела на промената на конечната одлука за избор на јадењата кај дури 82% од гостите. Дури 60% од гостите кои учествувале во ваквите истражувања изјавиле дека тоа им влијаело не само на нивниот избор на јадење, туку и на избор на ресторанот.
  • Посебен режим на исхрана, Доколку се храните според посебен режим, пред да отидете во било кој ресторан, пожелно е претходно да се информирате за видот на храната и јадењата кои се подготвуваат во нив. А доколку сте на поостар режим на исхрана, немојте да се колебате да побарате оброк за кој содржината сами за себе ќе ја составите. Секогаш имајте на ум дека нема во сите ресторани да наидете на разбирање. Додека од едната страна голем број на готвачи уживаат во предизвикот за припремање на храната која содржи малку сол или не толку масно месо, подготвувањето на посебните оброци во ресторантите, чии оброци пред сè се засноваат на месо или храна која се подготвува на друго место, сепак може да биде тешко изводливо.
  • Внимателно со морските плодови, Кога станува збор за овој вид на храната, секогаш се препорачува екстремна претпазливост. Иако не можете да донесете адекватна процена за веќе свареното или печеното парче риба, како што можете да направите со свежото месо во супермаркетот, сепак можете детално да го прегледате. Кога ќе го добиете оброкот, потпрете се најпрво на сетилото за мирис. Доколку Вам тој не ви прати некој допадлив сигнал, или доколку Вам ви се причини дека сте намирисале амонијак, знајте дека Вашата храна не е свежа.

Write A Comment