Prison brake

Ова видео може да ви го промени животот засекогаш!

Замисли дека нема рај!

Лесно е, ако пробаш.

Некој пекол под нас,

Над нас – само небо.

Замисли сите луѓе живеат за денешниот ден…”

“imagine” – Џон Ленон

Може ли да го направите тоа? Можете ли да замислите дека животот е концентриран во денешниот ден и во вашите сопствени раце? Всушност, тешко е, нели?

Тешко затоа што ние луѓето сме навикнати на мислата дека ќе има утре, и здутре… Мислиме дека го имаме целото време на светот без да сватиме дека всушност нашиот живот е лимитиран и токму времето што ни е одредено е нашето најголемо богатство.

Секој го знае ова, но вистината е дека многу малку го сваќаат. И за жал, не ретко доаѓаат до сознание тогаш кога судбината ќе реши да им ја покаже силата и суровоста, за да ни покаже дека животот не треба да се потценува ниту за момент.

Денес решивме малку да ве натажиме со едно видео кое сепак може да ви го промени животот. Го правиме ова со цел да ве разбудиме на безболен начин, затоа нека не ве тера да се плашите од животот, туку напротив. Нека тоа ви предизвика да бидете похрабри и да го доживувате секој момент на најдобар можен начин!

Бидејќи ние често мислиме дека имаме време да сакаме и да успееме, но кој ни ја дава оваа гаранција? Никој! Нема да заборавам како еднаш мојата пријателка докторка ми рече: “Професијата ме неучи на нешто многу важно. Смртта е реална!”. Бидејќи вистината е дека во реалноста приказните не ретко имаат трагичен крај и времето ни истекува побрзо отколку што сме претпоставувале.

Затоа пријатели, престанете да чекате да го земете животот во свои раце. Осмелете се да поверувате во вашите соништа и искуства секој миг како да ви е последен.

1 Comment

  1. Тоше Јанев Reply

    Почитувани господа од “Боза”.
    Видеава се наменети за подигнување на безбедноста во сообраќајот, а не за некаква селф мотивација како што сте пишале. Го поздравувам објавувањето, во секој случај.

Write A Comment