Атрактивната Мишел Левин, која американските медиуми ја сметаат за фитнес кралица, истакнува дека секој поглед во огледало и е најголемото задоволство. Пред неколку години оваа 27 годишна Венецуелка почнала да се занимава со фитнес и многу брзо стекнала голема популарност во Америка, каде станала една од ценетите фитнес модели. Награда за сиот тој труд го стекнала на насловната на Плејбој магазинот, со што нејзината популарност пораснала уште повеќе.
Мишел одмара од фитнесот од четврток до недела, а покрај тоа што тренира внимателно, таа води сметка и на исхраната за секој ден поодделно.