Некогаш се јавува несоница и неможе да откриете зошто е тоа така. Епа размислете што вечеравте – постои храна која создава несоница, но и таа друга од која се “спие како бебе”.
Во спиењето, следниве состојки ќе ви направат проблем:
- Конзервирано и димено месо – чукнете се себеси по рака, ако во доцните вечерни часови посегнете по сендвич со шунка. Исто така сланина, колбаси и димено месо содржат високо ниво на аминокиселини тиранин кои го присилуваат мозокот да ослободи норепинефрин, мозочен стимуланс кој нас не држи будни и помалку нервозни
- Чоколада – бидете внимателни со чоколадото и тоа со сите нејзини облици. Многу особи се во подоцнежните години исклучително осетливи на кофеин, па дури и најмала количина може да ви посмета. Чоколадото. исто така, содржи и тирозин, стимулативна аминокиселина
- Енергетски напитоци – содржат високо ниво на кофеин како и амино-киселината таурин, кои ја зголемуваат напнатоста и лачењето на адреналин. Најновите истражувања покажале дека дури и консумирање на енергетски пијалок во текот на денот предизвикува немирен сон
- Кечап – лутите пиперчиња, пијалоците и зачинетата храна го отежнуваат варењето на храната, а со самото тоа и сонот. Киселата и зачинета храна може да предизвика зголемено лачење на желудникавите киселини и други симптоми, кои го отежнуваат и прекинуваат сонот
- Алкохол – чашка, две пред одењето во кревет нè опушта, но тоа ќе ни го прекине длабокиот и здрав сон. Исто така, алкохолот предизвикува дехидрација и нè тера на мокрење, поради што често ќе се будите.
