Дестинации

Овој бразлиски остров се избегнува во широк круг: Ако ве касне отровница ќе ви го стопи телото како пластика (Видео)

Кога замислувате одмор од соништата, тој веројатно не вклучува престој на остров со колонија на најсмртоносните змии на светот.

Тоа е островот Кејмада Гранде и се наоѓа 32 километри одалеченост од брегот на Сао Паоло, а познат е како остров на змиите на кој својот дом го пронашла и Златната змија (Bothrops insularis).

Нејзиниот отров може да убие човек, а притоа го топи човечкото месо. Ако го преживеете гризнувањето, можете да очекувате тешки последици како откажување на бубрезите, крварење во мозокот или системот за варење. На островот (оправдано) не доаѓаат посетители и тој е резервиран за мал број на научници кои секоја година ги истражуваат змиите.

Заради големата опасност бразилската влада строго ги контролира посетите на островот, но дури и без забрана на владата, овој остров не би станал топ туристичка дестинација. Никаде во светот не постои толку голема концентрација на отровници на едно место, според некои проценки на одредени делови на островот можете да најдете по една змија на секој метар квадратен.

Во последните 15 години популацијата на змии на островот се смалила за 15% заради вегетацијата на разни болести, и се ноѓаат на списокот на загрозени животни.

httpv://www.youtube.com/watch?v=FIJvIVqZyH8

httpv://www.youtube.com/watch?v=kjaz0mynQvk

Write A Comment