Motherhood

Означете го почетокот на пролетта: 5 начини да уживате со вашето дете

Ви претставуваме неколку едноставни начини да ја поздравите пролетта со вашите малечки и заедно да уживате во времето поминато во природа.

Пролетта е можеби најубавото годишно време за децата. Деновите се подолги, расцветуваат цвеќињата и зеленеат тревите, а можноста за забава и поучни активности се бескрајни. Децата го поминуваат целиот ден на свеж воздух, поактивни се и уживаат во можноста да ја истражат природата и да измислат нови игри и да размислат за промените. Имагинација, здравје, радост.. сето тоа се развива кај децата додека се буди пролетта. Затоа не дозволувајте првите денови од пролетта да бидат обични денови. Означете ги со серија забавни активности и покажете му на вашето дете дека не постои позабавно и попријатно игралиште од паркот, дворот и шумата.

1. Посадете цвеќе

Пролетта може да биде идеална можност да му објасните на детето за промените во природата. Помогнете му да посади цвеќе или дрво и објаснете му што ќе се случи со таа билка. Вашето дете ќе има можност да го набљудува развојот на билките на кои самиот им подарил живот, да ја запознае промената на светот и да ја воочи важноста на природата.

devojcica-1391430045-25838

2. Направете венче од првите предвесници на пролетта

Венецот од цвеќе може да биде одличен украс за врата или на полица, а девојчињата обожаваат да ги стават на глава маскирани како принцези. За што и да се користи, ова венче секако дека ќе донесе голема забава на првите денови на пролетта. Децата ќе уживаат во берење на цвеќиња, внимателно одбирање и комбинирање на бои, секој на свој начин, а правењето на венец ќе биде незаборавна активност која секако ќе сакате да ја повторувате во текот на целата пролет.

3. Помогнете му на детето да напише песничка или да ги нацрта првите денови на пролетта

Додека се буди природата, време е да се разбуди и уметникот во вашето дете. Подгответе хартија, моливи, дрвени и водени боички и фломастери и посветете се на уметноста. Дозволете ова годишно време да биде ваша инспирација за убава песничка за будење на природата од зимскиот сон, или за прикажување на густите крошни на дрвјата начичкани со цвеќиња.

majka-sa-decom-park-1389551881-23904

4. Заедно направете пролетни колачиња

Со помош на вашиот омилен помошник во кујна, може да ја поздравите пролетта со вкусни колачиња. Подгответе шарена престилка за вашето дете, и заедно направете освежувачки колачи и декорирајте ги со цветови или пеперутки.

5. Појдете на прва пролетна прошетка

Пролетта со себе носи многу, а можноста за честипрошетки по пријатното време можеби е и најкорисно. Првите денови на пролетта се одлична можност со своето дете да поминете повеќе денови на свеж воздух, да почувствувате топли сончеви зраци, да прошетате во некој парк и да одговорите на сите негови пролетни прашања.

Напиши коментар