Јулија Липницкаја оваа година стана најмладата европска шампионка во уметничко лизгање, а потоа иако има само 15 години стана дел од тимот на Русија и освои екипно злато на Олимписките игри во Сочи.
Сепак во поединечната конкуренција Липницкаја не успеа. Настапувајќи во прелиминарниот, краток програм, падна предизвикувајќи воздишки кај повеќето илјади гледачи во салата, кои очекуваа нов поход на злато. Кобната грешка предизвика не само разочарување и тага на лицето на младата спортистка, туку и очекувана реакција на судиите: губењето на бодови ја стави на петтото место пред настапот во големото финале, т.н. “слободен програм”.



