Состојки: 100 гр брашно, 30 гр шеќер во прав, 2,5 дл млеко, 2 јајца, 5 дл пиво, 30 гр путер
За фил: 3 дл неутрална павлака, 150 гр бело чоколадо, 50 гр кокос, 50 гр бадем, 50 гр лешник
За декорација: 50 гр млечно чоколадо, неколку листови свежо нане
Подготовка:
1. Во сад измешајте го брашното и шеќер во прав. Во друг сад измешајте млеко, јајца, иво и истопен путер. Соединете сè и испечете тенки палачинки.
2. Изматете ја неутралната павлака и во неа полека додавајте бело чоколадо стопено на пареа.
3. Во добиената маса додадете кокос, бадем и лешник.
4. Ставете фил на палачинките, испрскајте ги со стопено чоколадо и украсете со листови нане.
