Мојата кујна

Палачинките не ви успеваат? Можеби ова е причината

Понекогаш палачинките не ви успеваат, а гршките за тоа се кријат во следново:

Изборот на брашно

Најдобро е да избереме повеќенаменско брашно и тогаш мислиме дека нема да погрешиме. Но, Huffington Post  пишува дека славниот американски шеф Алтон Брун препорачува да го измешате со брашно за печење колачи. Тој тврди дека поради тоа смесата ќе биде многу подобра.

Мерка на состојките

Доколку сакте одлични палачинки не можете да користите неопределени мерки. Потребно е да ги измерите сите состојки и да се придржувате кон рецептот.

Подготовка на смесата

Многу е полесно да ја подготвите смесата веднаш пред печењто бидејќи таа нема да биде иста доколку отстои. Исто така многу е важно смесата да не ја матите предолго.

Масло

Научени сме маслото да го ставаме директно во тавата, но експертите велат дека тоа не паметно. Причината за тоа е што понекогаш тавата може да биде нерамна па маслото да се собере на едно место и палачинките да почнат да се лепат. Наместо тоа, целата површина намачкајте ја со помош на хартија.

Температурата на печење

Тавата треба да биде загреана, но доколкунпретерате палачинките ќе се залепат и нам да нараснат. Најдобро изберете средно силен оган и тогаш ќе бидете сигурни дека палачинката нема да изгори.

 

Напиши коментар