ШоуБиз

Памела Андерсон: Скроз гола во најновата фотосесија!

Експлицитните фотографии со модна нота докажаа дека Памела сеуште ја држи титулата на “најсекси” тело во Холивуд!

Дека сеуште има совршено, фатално тело, 46-годишната Памела Андерсон докажа со серијата секси и крајно експлицитни фотографии кои ги направила за францускиот магазин Purple.

Секс бомбата од деведесеттите позирала максимално разголена за споменатиот магазин, 25 години по својата прва, гола насловна за легендарниот магазин Playboy, докажувајќи дека нејзиното тело не старее.

Наместо долга, руса коса која многу години беше нејзин заштитен знак, Памела овој пат го заведе објективот со смел изглед, кратка, секси коса која веќе од извесно време гордо ја носи.

Зад објективот на комплетниот едиторијал стои фотографот Санте Д’Оразио, а единствените крпчиња кои Памела ги носела се чизми и крзно. Комплетниот впечаток го оставаат нејзините совршено тонизирани нозе, затегнатиот стомак и раскошното деколте.

памела

Напиши коментар