Мојата кујна

Памук кифлички со џем

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 јајца

* 2дл масло

* 3дл млеко

* 1 лажица сув квасец

* 100гр шеќер

*околу 700гр брашно

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛOT:

* 200гр шеќер

* 3дл вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во 3дл млако млеко ставете една лажица  сув квасец и 100гр шеќер. Потоа додадете 2 јајца, 2дл масло и брашно, па замесете тесто. Тестото добро обработете го и оставете го да надојде. Откако ќе надојде, поделете го на пет делови. Секој дел исукајте го во круг и исечете го на осум триаголници. На секој тријаголник од тестото ставете по една лажичка џем и завиткајте го во кифличка. Така направете со сите делови од тестото. Кифличките оставете ги на страна 15 минути и печете ги на 200 степени додека не поруменат. Во меѓувреме направете сируп: во сад ставете шеќер и вода и варете 4-5 минути откако ќе зоврие. Печените кифлички топли потопете ги во подготвениот сируп ( не требе да стојат во сирупот, само да се натопат од едната и од другата страна). На крај по желба попрскајте ги со кокос.

Напомена: Кифличките повеќе денови стојат меки како памук.

Пријатно!

1 Comment

Reply To nikola efremov Cancel Reply