Парацетамолот е лекарство за кое повеќето родители веруваат дека е единствениот безопасен начин за децата полесно да се изборат со високата температура и кој како антипиретик и аналгетик се користи и за време на бременост и кај новороденчињата, можеби не е толку безопасен како што до сега се сметаше.
Научници од Универзитетот Упсала во Швајцарија направиле испитување за последиците од користењето на овој продукт и дошле до заклучок, дека тој остава последици врз развојот на мозокот, како и дека може да биде опасен за бремените жени и новороденчињата.
Во проучувањето, публикувано во “Toxicological Sciences Journal” се посочува, дека тестирањето напарвено врз глувци покажало, дека употребата на парацетамол води до хиперактивност, влијае врз когнитивните способности и мозокот.
Научниците сметаат дека фармацевтите би требало да ги предупредат родителите за новите откритија и дека треба да извршат сериозно испитување, кое би ги установило дејствувачките ефекти на лекарството, кое често пати го конзумираат мали деца.
Лекарите за сега препорачуваат ова лекарство да се избегнува за време на бременост, а на новороденчињата да им се дава само во критични ситуации и во исклучитлно мали дози.
