Потребни состојки:
- 150гр брокула
- 3 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
- пакување тестенини
- 2 лажици сок од лимон
- 2 црвени пиперки исечени на ленти
- 50гр црни маслинки
- 50 гр крупно сецкани ореви
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Исечете ја брокулата и иситнете ја на помали цветови. На хартија за печење ставете ја брокулата, лукот со лушпа и 1 лажица масло, сетоа тоа посипете го со сол и бибер. Печете околу 15-20 минути во рерна, додека брокулата не омекне и не добие кафена боја. За тоа време сварете ги тестенините според инструкциите на пакувањето. Потоа отстранете ја лушпата од печениот лук, изгмечете го и додадете сок од лимон и малку масло. Зачинете со малку сол и бибер и прелијте ги тестенините, а потоа додадете ги брокулата, пиперките исецкани на ленти, маслинките и оревите.
