Мода

Пастелната бајка на Раф Симонс за DIOR

Раф Симонс е на чело на модната куќа Диор последните две години, а со најновата колекција уште еднаш се покажа и докажа зошто тој е идеалната личност за работата која ја извршува. Задачата да ги пополни големите чевли кои пред него ги остави екцентричниот гениј Џон Галијано, мора да се признае, не е нималку лесна. Но изгледа дека на белгискиот дизајнер му оди и повеќе од добро.

И во најновата колекција на Диор остана верен на својот препознатлив крој кој датира од средината на минатиот век. Луксузните материјали, грациозните кроеви и раскошните пастелни нијанси можеби не се најдобар избор за секојдневни активности, ниту пак примерна облека за пригоди на малите, обични луѓе. Но секако, го одразуваат сè она што Диор го претставува – допир на луксуз и раскош кој сите ние барем еднаш во животот би сакале да го искусиме.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

 

Write A Comment