Здраво тело

Пастрмката е благослов за Македонија!

Пастрмката е здрав и хранлив продукт, кој зазема важно место во урамнотежената и правилна исхрана. Месото на рибата по својата структура влегува во диетски произоди бидејќи има помалку маснотии, холестерол и заситени масти, што истовремено значи и помала енергетска вредност. Просечната енергетска вредност изнесува 140 килокалории на 100 грама. 

Пастрмката е одличен извор на есенцијални рибини масла, вклучувајќи ги омега 3 – масните киселини. Богата е со протеини, кои се потребни за нормален раст и развој. Одличен извор е на фосфор, селен и витамин Б12, Б6, ниацин и пантотенска киселина, а содржи и витамин А и Б1. 

Пастрмката во помали количества содржи железо, бакар, калциум, магнезиум, цинк, витамин Б12, Ц и фолат. Според хемискиот состав, можеме да забележиме дека во зависнот од видот на пастрмката уделот на белковините се движи од 16 до 20 грама, масти има од 5,49 до 10 грама, а енергија од 119 килокалории на 100 грама риба. Завиден е уделот на есенцијалните аминокиселини (кои во нашиот организам се неопходни, а сам не може да ги произведе). Пастрмката е добар извор на омега 3 – масните киселини (1,1 грам на 120 грама месо), а содржи малку заситени маснотии. Оваа риба е богата со витаминот Б12, а истовремено содржи повеќе од 10% од дневно препорачаното количество железо. 

Изобилува со омега 3 

Поради високата концентрација на омега 3-масните киселини, пастрмките се во групата најпосакувани продукти во исхраната. 

Омега 3-киселините се повеќекратни незаситени масни киселини, кои дејствуваат на клеточните мембрани на целиот организам, а тоа е место во кое се одвиваат сите биохемиски реакции, па така и во крвните садови. Поволното дејствување на омега 3-масните киселини во организмот е: 

  • Го намалуваат вкупното ниво на маснотии во крвта и го спречуваат создавањето масни наслаги, кои се таложат во крвните садови.
  • Се намалува холестеролот во крвта, кој предизвикува создавање масни наслаги.
  • Како биоктивни елементи го продолжуваат времето на згрутчување на крвта.
  • Имаат позитивно влијание врз воспалителните промени и ја подобруваат клеточната одбрана на ткивата и зараснување на раните.

Write A Comment