Слично како и Дубаи, Абу Даби бргу станува ценета и посетена туристичка дестинација…
Голем број на ултра луксузни хотели се отворени со цел да привлечат што поголем број на туристи, а еден кој помеѓу нив се издвојува е Anantara Eastern Mangrovers Hotel & Spa.
Се наоѓа покрај вода и претставува единствена оаза, која на своите гости им нуди совршено искуство. Во овој луксузен хотел се претставени најдобрите елементи на арапскиот дизајн и ориенталниот шарм. Се состои од вкупно 222 соби и апартмани, кои се многу добро опремени, а претставуваат префинет дизајн со неверојатен поглед на лагуната и величествениот град.
Кога станува збор за рестораните , во Anantara Eastern Mangrovers хотелот опциите ви се ширум отворени.Исто така ви препорачуваме да го посетите и самиот град. Абу Даби е едно величествено место со неверојатна архитектура и пространи паркови. А можете да му се восхитувате и од терасата која се наоѓа на кровот на хотелот. Во секој случај, ќе биде тоа искуство кое засекогаш ќе го паметите.