Храмот на тигрите, или оригинално Ват Фа Луанг Та Буа, е храм на теравада будистите во западен Тајланд, основан во 1994 година во шумски храм, како засолниште за диви животни кои биле малтретирани или ловени за продажба. Помладите тигри се потомството на оние кои порано биле спасени.
Во храмот се наоѓаат повеќе видови диви животни, но поголемиот дел од „населението“ го сочинуваат индокинески тигри. Храмот е лоциран во тајландската провинција Канчанабури, недалеку од границата со Мјанмар, на околу 38 километри. Во 1999 година, храмот го примил својот прв член од дива раса: мало тигарче. Било пронајдено од локалните селани, но за жал, починало за кратко време. Подоцна неколку мали тигри му биле подарени на храмот. До мај 2012 година, тоталниот број на тигри кои живеат и живееле во храмот бил поголем од 100.
Поради недостаток од јавно достапна ДНК, со оглед на тоа што тигрите не се спарувани и одгледувани под надзор на ветеринари, туку во дивината, педигрето на тигрите не е познато. Сепак, се претпоставува дека се индокинески тигри, освен Мек, кој е бенгалски тигар. Веројатно е дека некои од нив може да бидат членови на неодамна откриените малезиски тигри, кои се веројатно хибриди. За одгледувањето и грижата за тигрите се задолжени будистички монаси, кои се буквално едно со тигрите. Заедно јадат, заедно шетаат, заедно се молат! Овој храм е навистина уникатно место за живеење, а е и една од најчесто посетуваните туристички локации во Бангкок.